АВМУ: Користењето буџетски средства за рекламирање во медиумите е спротивно на законот

Од:

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги соопшти дека одлуката на Министерството за надворешни работи да потроши 100.000 евра за кампања со цел промовирање на претседавањето со ОБСЕ е спротивна на законот.

„ Користењето буџетски средства за рекламирање во медиумите е во спротивност со член 102 од Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. За вакви и слични настани кои се од голема важност за државата, граѓаните не само што имаат право туку и треба да бидат информирани, но на други начини, а не преку трошење на буџетски средства. Користењето средства на даночните обврзници за рекламирање на власта преку комерцијалните радиодифузери може да предизвика нарушување на независноста и на уредувачката самостојност и истовремено може да создаде клиентелистички однос на медиумите кон власта“ се наведува во реакцијата на АВМУ.

Би можело да ве интересира

Зоран Трајчевски директор на АВМУ и во наредните пет години

Горан Наумовски

Вишиот управен суд ја одби жалбата на Левица за изборното рекламирање

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

ЗНМ: Политички калкулации при изборот на членови во ААВМУ се неприфатливи

Составена е листата за членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарни избори 2024

A1on