АВМУ: Констатирани неправилности при емитување платена пропаганда за референдумот

Од:

Седум радиодифузери го прекршиле Упатството за медиумско претставување за време на референдум, констатирала Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги, со надзорот на медиумското покривање за време на референдумот во периодот од 21 до 27 септември.

Спротивно на точка 34 од Упатството, 1 ТВ емитувала платена јавна пропаганда во рамките на посебната информативна програма „Отворено студио 1“. Истиот радиодифузер, го прекршил Упатството и по друг основ, точка 28, така што на еден реален час, емитуваше многу повеќе од дозволените четири минути и 30 секунди за Собранието на Република Македонија како нарачател на платената јавна пропаганда „ЗА“ референдумот.

– Одвоеното време за овој нарачател драстично го надминува и соодносот на времетраењето на медиумското претставување – 59 осто „За“ и 41 отсто „Против“ утврден во Правилата за постапување на собраниското Координативно тело во врска со водење јавна пропаганда и нивните измени и дополнувања. За овие прекршувања против радиодифузерот се покренати прекршочни постапки, соопшти АВМУ.

Прекршување на точка 28, според АВМУ, е констатирано и кај Алсат – М, Канал 5, Телма, Сител, ТВ 21 и 24 Вести, но времетраењето на платената јавна пропаганда за еден заинтересиран субјект, во случајот, повторно Собранието на Република Македонија, е во рамките на временскиот сооднос утврден од собраниското Координативно тело.

– За овие прекршувања, иако не се во негова директна надлежност, но се во делокруг на регулаторот, расправаше и Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги. Советот зазеде став дека во услови на недореченост и неусогласеност на релевантната регулатива и различните насоки кои медиумите ги добиваа од ДИК, АВМУ и собраниското Координативно тело, не треба да се покренат прекршочни постапки, велат од АВМУ.

Радиодифузерите се придржувале до Правилата за постапување на Собраниското Координативно тело во врска со водење јавна пропаганда и нивните измени и дополнувања, согласно кои соодносот на времетраењето на медиумското претставување е 59 отсто „За“ и 41 отсто „Против“.

Директорот на Агенцијата, имајќи го предвид ставот на Советот, одлучил да не покрене прекршочни постапки против Алсат – М, Канал 5, Телма, Сител, ТВ 21 и 24 Вести.

Би можело да ве интересира

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарни избори 2024

A1on

АВМУ да ја повлече одлуката и донацијата од 5 милиони денари да ја додели во транспарентна постапка, во која ќе учествуваат повеќе медиуми

Горан Наумовски

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on

Директорот на АВМУ добивал закани поради одбиено барање за одземање дозвола

АВМУ со осуда за вербалните закани упатени кон новинари

АВМУ: Медиумите професионално и етички да известуваат за трагични настани, особено ако се вклучени малолетници

Горан Наумовски