А1он

  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен
FacebookTwitterYoutube
А1он
Од: А1он
Македонија

АВМУ ги откажа сите јавни настани до крајот на март

by А1он10/03/2020 - 14:35227
Share0

Согласно препораката на Владата за неодржување јавни масовни собири со цел превенција од појава и ширење на Ковид-19 (корона вирус), Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги (АВМУ) соопшти дека ги откажува сите јавни настани предвидени за месец март.

Добивај вести на вибер

Како што се посочува во соопштението, се откажува конференцијата Медиумите и изборите: регулатива и пракса, влијание на дезинформациите врз резулатите од избори, која што требаше да се одржи на 23 март. Воедно, се откажуваат и планираните работилници со радиодифузерите, вклучувајќи ја и онаа за медиумското известување за време на изборната кампања, но, Агенцијата, како и досега, ќе биде континуирано достапна за сите прашања, телефонски или преку електронска адреса (списокот на вработени заедно со нивните контакт податоци е објавен на веб страницата на Агенцијата https://avmu.mk/contakti/).

– Во различни фази од изборниот процес, ќе се објавуваат соопштенија со потсетувања за обврските на радиодифузерите. Сите материјали поврзани со предвремените парламентарни избори 2020 ќе се објавуваат на веб страницата www.avmu.mk во банерот Избори 2020, наведуваат од АВМУ.

Првиот јавен состанок за 2020 година, предвиден за крајот на месецов, исто така, се одложува. За датумот на неговото одржување, Агенцијата навремено ќе ја информира јавноста и засегнатите страни. Седниците на Советот на Агенцијата, пак, како и досега, ќе можат да се следат во живо преку ЈуТјуб-каналот на Агенцијата, стои во соопштението.

avmu

Би можело да ве интересира

Обвинителство оформи предмет по допрен глас за заканите кон новинарот Александар Видиновски

Катерина Ѓуровски04/02/2026 - 11:22

АВМУ: Пресудата против новинарката Лиридона Вејсели е негативна порака за медиумските слободи

Предраг Петровиќ31/01/2026 - 10:01

Инфлуенсерите, влогерите и јутјуберите мора да се регистрираат во АВМУ

А1он17/01/2026 - 21:3117/01/2026 - 21:32

Зоран Трајчевски директор на АВМУ и во наредните пет години

Горан Наумовски26/12/2025 - 17:1726/12/2025 - 17:36

Вишиот управен суд ја одби жалбата на Левица за изборното рекламирање

Катерина Ѓуровски01/12/2025 - 11:14

АВМУ: Вештачката интелигенција е голем предизвик за професионалните и независни медиуми

Горан Наумовски03/05/2025 - 09:48
FacebookLike
TwitterFollow
InstagramFollow
YoutubeSubscribe

НАЈЧИТАНИ.

  • Facebook
  • Twitter
  • Instagram
  • Youtube
  • Импресум
  • Контакт
  • Маркетинг
  • Услови за користење

@2019 - A1on. Сите права задржани.

@2019 - A1on. Сите права се задржани
А1он
FacebookTwitterYoutube
  • Почетна
  • Македонија
  • Економија
  • Регион
  • Свет
  • Магазин
  • Спорт
  • Култура
  • Видео
  • Скен