АВМУ: Да не се навредуваат новинарите, да се почитува нивното достоинство

Од:

Во однос на навредите на фејсбук упатени кон новинар на телевизијата 24, Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги денеска преку соопштение упати апел да не се навредуваат новинарите и повика да се почитува достоинството на новинарската професија.

-Во врска со навредите упатени кон новинарот на телевизија 24 Мишко Иванов, на социјалната мрежа фејсбук по завршувањето на двете интервјуа со лидерите на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, апелираме да не се навредуваат новинарите и повторно повикуваме да се почитува достоинството на новинарската професија и личното достоинство на медиумските професионалци, се наведува во соопштението на АВМУ.

Агенцијата потсетува дека обезбедувањето услови за непречено работење на медиумските работници е неопходен предуслов за слободата на изразување и слободата на информирање.

Би можело да ве интересира

ЗНМ: Политички калкулации при изборот на членови во ААВМУ се неприфатливи

Составена е листата за членови на Советот на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарни избори 2024

A1on

АВМУ да ја повлече одлуката и донацијата од 5 милиони денари да ја додели во транспарентна постапка, во која ќе учествуваат повеќе медиуми

Горан Наумовски

Трајчевски: АВМУ го тужи МИОА затоа што ни исплати 80.000 евра помалку од законски предвидените

A1on

Директорот на АВМУ добивал закани поради одбиено барање за одземање дозвола