Авионско прскање протов комарци во Дојран и Гевгелија

Од:

Во раните утрински часови, утре вторпат во Гевгелија, а третпат во Дојран годинава ќе се изврши авионско прскање против комарци.

– Аеросолната адултицидна дезинсекција ќе се изврши со квалитетен широкопојасен инсектицид, кој се употребува во овој период од годината. На територијата на општина Гевгелија ќе биде третирана површина од 1.000 хектари, а во општина Дојран против комарци ќе се прска на површина од 600 хектари, информираат општините Гевгелија и Дојран.

За време на прскањето, на граѓаните им се препорачува да ги држат затворени прозорците и вратите од домовите од три до четири часа по прскањето, а на пчеларите им се советува да ги преземат сите мерки за заштита на пчелните семејства.

Би можело да ве интересира

Силниот ветер однесе лимена конструкција покрив на училиште во Гевгелија

Катерина Ѓуровски

Пијан возач од Гевгелија удри во заштитна ограда на обиколницата кај Богданци

ЏАМБО пристигнува во Гевгелија: Нова голема инвестиција и реализација на ветената експанзија

А1он

На „Дојран“ и „Табановце“ чекање до 40 минути, магла на Ѓавато и Пресека

Горан Наумовски

На граничните премини Дојран и Табановце се чека од 30 до 40 минути

Ангелов: Полесно е повреден возачот од запалената цистерна на патот Гевгелија-Богданци