Авионско прскање против комарци во Македонска Каменица

Од:

Општина Македонска Каменица од годинава освен теристичко ќе врши и воздушно прскање против комарци. Како што истакна градоначалникот Дарко Митевски, општината ќе направи се што е според прописите од надлежните за да не се дозволи да се повтори минатогодишната слика со наездата од комарци.

– Ние спроведовме јавна набавка за третирање на комарците, ако претходната година тоа го правевме само на живи комарци,  оваа година ќе правиме и ларвицидно прскање. Ќе имаме три прскања, а согласно со потребите, планираме да направиме и воздушно прскање, бидејќи минатата година имавме големи проблеми со комарците, рече Митевски.

Општина Македонска Каменица  ја заврши јавната набавка за ларвицидно прскање и има потпишано договор со Центарот за јавно здравје од Кочани. За аеропсркање против комарци, градоначалникот Митевски најави уште една јавна набавка.

Би можело да ве интересира

По кавга со сопругот, 23 годишна жена ја нападна свекрвата и со нож гаѓаше кон свекорот

А1он

Апасиев: Неспособни тендераши не убедуваат дека комарците се размножувале во вазните за цвеќиња на гробишта

А1он

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

Митески: Нема утврдени жаришта на комарци во Аеродром

Клековски предупредува: Внимание од убоди од комарци, вонредна контрола на живината

Во вторник ќе се прска против комарци во Скопје