Општина Македонска Каменица од годинава освен теристичко ќе врши и воздушно прскање против комарци. Како што истакна градоначалникот Дарко Митевски, општината ќе направи се што е според прописите од надлежните за да не се дозволи да се повтори минатогодишната слика со наездата од комарци.
– Ние спроведовме јавна набавка за третирање на комарците, ако претходната година тоа го правевме само на живи комарци, оваа година ќе правиме и ларвицидно прскање. Ќе имаме три прскања, а согласно со потребите, планираме да направиме и воздушно прскање, бидејќи минатата година имавме големи проблеми со комарците, рече Митевски.
Општина Македонска Каменица ја заврши јавната набавка за ларвицидно прскање и има потпишано договор со Центарот за јавно здравје од Кочани. За аеропсркање против комарци, градоначалникот Митевски најави уште една јавна набавка.