Авионско прскање против комарци во Чешиново – Облешево

Од:

Во Општина Чешиново – Облешево утре (петок) од 5 до 8 часот ќе се спроведе првото авионско третирање против комарци за годинава.

Согласно програмата, границата на третирање започнува од вливот на река Злетовица во река Брегалница, потоа по течението на река Брегалница до висина на селото Теранци, како и површините помеѓу магистралниот пат М-5 и село Чешиново, почнувајки од село Уларци до село Облешево.

Со авионското третирање, како што информираат од општината, ќе бидат опфатени и населените места Жиганци, Соколарци, Спанчево, Бање, Уларци, Чешиново, Облешево, Бурилчево, Кучичино, Чифлик и Теранци.

Вкупната површина што ќе биде третирана со авинското прскање против комарците изнесува 900 хектари.

Од општина Чешиново – Облешево упатуваат апел до одгледувачите на пчелни семејства да ги заштитат пред и по авионското прскање најмалку 4 часа.

Би можело да ве интересира

Земјоделци од Чешиново-Облешево ја блокираа изградбата на експресниот пат Штип – Кочани

Ана Ололовска

Протест на жителите на Чифлик: Бараат чиста вода за пиење и канализација

Катерина Ѓуровски

Градоначалникот на Чешиново-Облешево негативен на Ковид-19, од утре почнува со работа

А1он

Градоначалникот на Чешиново-Облешево позитивен на коронавирус

А1он

Македонска Каменица и Чешиново Облешево се првите општини што ќе го имплементираат Договорите за заштеда на енергија

А1он

Општина Чешиново-Облешево инвестира во изградба на улици во три населени места

Ана Ололовска