Авионот се користи според прописите, опозицијата шири сензационализам – реакција на Владата

Од:

Владиниот авион е користен во согласност со со прописите, а секој надлежен орган има право и обврска да изврши увид и контрола и ние немаме што да криеме, порача денеска Владата оценувајќи дека и опозицијата шири хипокризија и сензационализам.

– Јавно и недвосмислено укажуваме дека владиниот авион е користен исклучиво во согласност со прописите и актите за негово користење, во согласност со правилникот за условите и начинот на користење. Секое користење е евидентирано, документирано и предмет на институционална контрола. Ниедна активност не е надвор од утврдените процедури, ниту постои каква било форма на злоупотреба – се вели во соопштението од владината прес-служба.

Според Владата, особено е симптоматично, како што наведуваат, што опозицијата свесно ја игнорира хуманитарната и државничка димензија на користењето на авионот во ситуации од итен карактер. Јавноста, наведуваат, добро знае дека истиот авион беше ставен во функција на спасување човечки животи, меѓу другото, и при транспорт и координација на активности поврзани со повредените од трагичниот пожар во Кочани.

– Загрижува фактот што истата политичка структура, која денес обвинува, во минатото го користеше владиниот авион за патувања што останаа длабоко контроверзни во јавноста, вклучително и летови до Ниш, во тоа време од патувањата со владиниот авион гледавме фотографии и изјави со кои се манипулираше јавноста – се вели во соопштението.

Владата наведува дека „денешните обиди за морализирање од страна на истите актери претставуваат класичен пример на политичка хипокризија“. – Кога беа на власт, ги уриваа стандардите на отчетност, ги злоупотребуваа службените ресурси до максимум, а никогаш не иницираа суштински реформи, напротив, токму во нивниот период на владеење јавноста беше сведок на безброј злоупотреби – посочува Владата.

Дополнува дека останува цврсто посветена на принципите на законитост, отчетност и транспарентност. – Секој надлежен орган има право и обврска да изврши увид и контрола и ние немаме што да криеме. За разлика од политиката на сензационализам и конструирани афери, наш приоритет остануваат конкретните резултати, заштитата на јавниот интерес и унапредувањето на меѓународната позиција на државата, соопшти владината прес-служба.

Би можело да ве интересира

Владата уверува дека нема недостиг на гориво, предлозите на опозицијата ги отфрла како несериозни

Филипче предлага намалување на ДДВ-то за горивата од 18 отсто на 5 проценти, намалување на акцизата за 4 денари и нула ДДВ за храната

СДСМ се приклучува на протестот против насилството врз жените, маршот за 8 Март откажан

Горан Наумовски

Филипче: Стратешките одлуки на СДСМ ја обезбедија евроатлантската интеграција

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он