Август во Гостиварско со помалку сообраќајки

Од:

Во август годинава на поширокото гостиварско подрачје се случиле вкупно 46 сообраќајни несреќи што е за 14 помалку споредено со истиот период лани.

За разлика од август, претходната година кога во несреќите имало двајца загинати, сега нема човечки жртви. Четири несреќи завршиле со исто толку тешко повредени лица, а 10 со 23 телесно повредени лица. Најголемиот број, поточно 32 несреќи биле само со материјална штета.

Најчесто место на случување и натаму се гостиварските улици во централното подрачје и во околните населби (17) и на магистралата Гостивар-Кичево, автопатот Гостивар-Тетово и на потегот од Мавровската крстосница со Бошков Мост (16).

Несреќите со потешки последици, обично се случувале во вечерните или раните утрински часови. Како најчеста причина за несреќите останува неприлагодената брзина според условите на патот, односно пребрзото возење (14 несреќи).

Во текот на минатиот месец, вкупно биле контролирани 2.314 возила и возачи, при што од сообраќај биле исклучени 67 возачи. Меѓу нив, 57 не поседувале валидни дозволи, а четворица управувале под дејство на алкохол. Во август годинава изготвени се 253 платни налози и 375 покани за наплата на глоба, додека 24 возачи се одлучиле за порамнување.

Би можело да ве интересира

Десетина возила учествуваа во три сообраќајки на автопатот Тетово – Гостивар

Горан Наумовски

Во несреќата кај манастирот Св.Јован Бигорски загинаа двајца жители од гостиварското село Видуше

ЦУК: Возило падна во реката Радика, има загинати во несреќата

Горан Наумовски

ЦУК: Автомобил падна во реката Радика, на терен се сите спасувачки служби

Горан Наумовски

Повеќе од 24 часа во целосен прекин сообраќајот Струга – граничен премин „Ќафасан“

Предраг Петровиќ

Прекин во двата правца кон „Ќафасан“ поради сообраќајна несреќа