Аукција на ракотворби на штитениците од Велес

Од:

Дуна компјутери денеска во Скопје организира добротворна аукција за продажба на ракотворби и слики изработени од штитениците на Воспитно-поправниот дом „Тетово“ со отворено одделение во Велес.

Станува збор за општествено одговорен проект на Дуна кој е изработен со одобрение на Управата за извршување на санкции при Министерство за правда на Република Македонија. Согласно проектот, во јуни и јули организирани се креативни работилници за изработка на ракотворби, при што целта беше да се структуира слободното време на штитениците, да се научат нови вештини и да се покаже дека работата и трудот се вреднувани, а во насока на успешна ресоцијализација во општеството.

Делата ќе бидат изложени на аукцијата и ќе можат да се купат, а средствата ќе бидат наменети за потребите на децата од домот.

Аукцијата е од отворен тип и сите заинтересирани лица кои сакаат да го помогнат проектот може да присуствуваат и да купат од предметите со што ќе помогнат да се разубави еден детски живот.

Би можело да ве интересира

Уште една победа на хуманоста и човечноста – собрани средствата за операција на Слободан Попов – Цобе

Ана Ололовска

Двајца кичевци со хуман гест за младо момче со посебни потреби

Ана Ололовска

Исклучително: Месут Озил спаси 219 детски животи!

Апел на МД „Илинден“: Да му помогнеме на Алекс, да бидеме хумани

Ана Ололовска

Хуманитарна иницијатива „Ride4Women“

Ана Ололовска

Хуманоста победи, Сара се врати дома жива и здрава

Ана Ололовска