(АУДИО) Русковска не знае дали е таа на новите бомби за кои кажа дека се од „Рекет“, па сега не знае што врска имаат со предметот

Од:

„На одмор сум, моментално патувам“. Ова е одговорот на Вилма Русковска, обвинителка за организиран криминал, на прашањето дали е нејзин гласот кој се слуша на објавената снимка на социјалните мрежи каде се зборува за предметот „Империја“ и Катица Јанева. Аудио материјалот вчеравечер е пуштен во јавност на „Твитер“, а истиот е илустриран со фотографија од обвинителката Русковска. Таа за дел од медиумите, за снимката кажа: „Мислам дека е дел од снимките кои Јордан Камчев ги достави за предметот ‘Рекет’“.

dobivaj vesti na viber

Но, за „А1он“, Русковска посочува: „Не знам оваа снимка каква врска има со предметот ‘Рекет’“. На укажувањето дека самата ја дала изјавата дека снимките се дел од „Рекет“, Русковска немаше одговор, по што кажа дека е на одмор.

Доколку овие снимки се дел од случајот „Рекет“, со нив треба да се запознаени адвокатите. „А1он“ успеа да стапи во контакт со Дељо Кадиев, бранител на Катица Јанева. Му ги испрати снимките, но тој ги немаше претходно слушнато.

„Оваа снимка не беше дел од доказниот материјал на ‘Рекет’. На одбраната не и беше предадена од Обвинителството“, вели Дељо Кадиев.

Обвинителката Русковска за која се тврди дека зборува во тонските снимки, не знае дали адвокатите биле запознаени.

„Не знам дали адвокатите биле запознаени. Мораме да ги запознаеме со доказите кои ќе бидат предложени. Во секој случај мислам дека дадовме се што имаме. Сепак, пројдоа повеќе од три години, стварно не се сеќавам“, додава Русковска за „А1он“.

Прашањето дали снимките се дел од „Рекет“ се покрена откако Русковска во дел од медиумите посочува дека се дадени како доказен материјал во тој предмет.

Дел од нивната содржина:

„Знаев вика, правевме некоја анкета, 49 отсто.. Пази 8 отсто ми бил рејтингот пред јас да дојдам за шеф, значи 49 отсто. Јас вака го гледам и викам: ‘А на Катица колку е, на СЈО?’ Ама знаеш, 50… Не, не, не ми кажувај, викам.. Ама знаеш со Империја им се крена рејтингот. Што викам, направија со Империја? Едниот пуштен, другиот исто. И викам… Сеа кажи ми“, се слуша во снимката.

„А шест месеци… ја лично ја убедувам… дали може шест месеци да не знаеме што е предметот? Никој не знае“, вели машкиот глас кој е мутиран на снимката, а женскиот глас одговара: „Може“, па добива прашање „Како може?“, па добива одговор: „Може“.

Потоа женскиот глас вели: „Не го држев, два месеци го заборавив, го заборавив буквално.. го заборавив, намерно.. Владимир Атанасовски, го ставив во притвор и го заборавив два месеци, хаха“.

На ова, гласот вели: „И вие сте… да ви е**м, у пи** матерну“.

Снимката е објавена на „Твитер, вчера, десетина минути пред 19 часот. Каналот каде е објавена е именуван како „Правда за сите во Македонија“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Тупанчески за „војната“ Русковска-Муареми: Таму се случува нешто што не треба

Кристијан Ландов

За да го зачуваат интегритетот на Русковска, жалбата за супспензијата се дебатира зад затворени врати

Кристијан Ландов

Приведени две лица за изнуда, поднесена кривична пријава

Русковска и натаму не е сигурна дека е нејзин гласот на снимката: Не е направена за време на спогодбите за „Империја“

Финансиска полиција го враќа ударот: Поднесена претставка до Јовески против Русковска, претресот бил неоснован

Маја Илиевска-Пачемска

Караници меѓу сестрата на Камчев, Боки 13 и адвокатот, судијата смируваше: „Тужи ме колку сакаш“

Кристијан Ландов