Атмосферска канализација за две улици во Виница

Од:

Во Виница продолжува изградбата на атмосферската мрежа на улиците „Браќа Миладиновци“ и „Илинденска“ во должина од 1.200 метри, по завршувањето на улицата „2008“.

Комуналните активности и изградбата на потребната инфраструктура ги изведува струмичката компанија „Изградба“.

Градоначалникот на Виница Емил Дончев, рече дека зафатот почнува од коритото на Градечка Река каде што треба да се излеваат водите кои при поројни дождови ги полнат овие две улици.

– Атмосферската канализација на овие две улици заедно со атмосферската мрежа на улицата „2008“ во должина од 460 метри и нејзиното комплетно инфраструктурно уредување, општината ја чиниеа 37 милиони денари, средства кои ги обезбедивме со кредит од Светска банка, изјави Дончев.

Паралелено со ова општината работи и на решавање на инфраструктурниот проблем за жителите од село Лески, а тоа е поставувањето на нова канализациона мрежа.

– Мрежата е поставена од потегот на селската црква до излезот на селото во должина од 1.200 метри. Средствата за овој зафат во висона од 2 милиони и 200 илјади денари се обезбедени преку министерството за животна средина и просторно планирање, а изведувач на работите е компанијата „Доминг“ од Радовиш, информира градоначалникот Дончев.

Би можело да ве интересира

Жена од Виница била нападната од нејзиниот зет

Двајца мажи и малолетници истепале жена

Горан Наумовски

МВР: 38-годишен маж од Виница починал во двор на познаник

Отстранета опасност од истечен хлор во филтер станица во Виница

Горан Наумовски

Виница: Ја претепал, силувал и снимал 20 – годишната вереница

А1он

На улица во Виница се истепале три жени