Атхимандритот Јоаникиј Ракотински прогласен за светител

Од:

Архимандритот Јоаникиј од Ракотинци денеска во Соборниот храм „Св.Климент Охридски“ во Скопје е прогласен за светител.

По тој повод, во храмот се одржа литургија со која чиноначалствуваше архиепискотот охридски и македонски г.г. Стефан во сослужение на сите членови на Светиот архиерејскиот синод на МПЦ-ОА и свештенство од сите епархии на МПЦ. Беше осветена и иконата на Јоаникиј Ракотински.

Одлуката на САС на МПЦ-ОА за впишување на Јоаникиј Ракотински во списокот на светиите ја прочита епископ хераклејски Климент. Тој рече дека за новоканонизираниот светител е живописана икона и е напишано житие, синакса, акатист, утрена и вечерна богослужба.

– Овој новопојавен преподобен и богоносен отец наш Јоаникиј како што сведочи неговото опширно житие се родил во преславниот град Охрид, но сега е граѓанин на небесниот, неразрушлив град на светиите, таинствениот Сион, истакна г.г. Стефан.

Покрај останатите дарови, обогатен и со чудотворството, посочи архиепископот охридски и македонски, се покажал како евангелскиот добар самарјанин за оние кои со вера му пристапувале христијани или иноверни.

– Откако направил многу чудесни дела ја запечатил судбината зашто, не времето и околностите ги прогласуваат светиите, туку благородството на совршената и нелицемерна љубов кон Бога, додаде г.г. Стефан.

Претходно, во 8 часот од мостот „Гоце Делчев“ тргна свечена литија со моштите на преподобниот Јоаникиј Ракотински кои беа пренесени во Соборниот храм. Неговите мошти ќе останат во Соборниот храм, а ќе бидат пренесени во црквата „Св.Константин и Елена“ во центарот на Скопје кога ќе заврши нејзината изградба. Денешниот датум на официјалната канонизација ќе биде впишан во календарот на МПЦ.

Јоаникиј Ракотински, македонски архимандрит, учител, лекар и православен свештеник, бил роден во Охрид во 1839 година, а се упокоил на 24 јануари 1940 година во скопското село Ракотинци.

Би можело да ве интересира

Нов портпарол на Синодот ќе биде епископот Хераклејски г. Климент

Браќата Мијалкови добија орден од МПЦ

Г.г Стефан и српскиот патријарх Порфириј во посета на Нишката епархија

Богородичната икона Троеручица денеска пристигнува во Скопје

Во петок литија низ Скопје со икона на Богородица трирачица, подарок од Хиландар за МПЦ

Предраг Петровиќ

МПЦ-ОА повика на масновност на изборите