Атанасов со порака до интелектуалците од ВМРО-ДПМНЕ: Разбудете се!

Од:

На својот Фејсбук профил, Петар Атанасов, од универзитетот „Свети Кирил и Методи, некогаш вработен во МТВ како новинар упатил порака до интелектуалците во ВМРО-ДПМНЕ кои лично ги познава и до оние што мислат дека се интелектуалци а се блиски до владејачката партија.

Еве што стои во пораката:

„ЕДЕН ДЕН вашите деца ќе се срамат од вашиот молк за она што се случува во Македонија. РАЗБУДЕТЕ СЕ, уште само неколку чекори не делат од провалијата во која не носи и вас и нас вашиот лидершип.

Веќе БЦ не е тема на разговор. Веќе не се работи за СДСМ. Од сега па натаму ќе разговараме само за НАСИЛСТВОТО што ВМРО-ДПМНЕ го има инсталирано и го практикува во Македонското општество.

Ако власта го стори она што го видовме само по 10-тина денови легитимен парламентарен притисок, и тоа на новинари и на народни избраници, пред камери, не знам што се може да направат ако работите тргнат на полошо.

МАКЕДОНИЈА ИЛИ ЌЕ БИДЕ ДЕМОКРАТСКА ИЛИ ЌЕ ЈА НЕМА.

ДРУГА ОПЦИЈА ВО ОВОЈ МОМЕНТ, ЗА ЖАЛ, НЕ ПОСТОИ.

Петар Атанасов

Би можело да ве интересира

Протест на кумановци кои работеа во базите во Ирак и Авганистан – бараат средба со премиерот

А1он

Грчките земјоделци стартуваа 48-часовна блокада, граничните премини „Евзони“ и „Ники“ се затворени

Протест во Куманово: Работници од Ирак и Авганистан незадоволни од известувањата на УЈП

Горан Наумовски

Протест „Стоп за УСЈЕ“, се бара дислокација на цементарата

Протест во Тунис прерасна во судири со полицијата

Протест против странските работници во Риека: Дојдоа 20 луѓе