Атанасов од Богданци: Груевски избега од соочување со вистината затоа што се плаши

Од:

Претседателот на Комисијата за образование на СДСМ, Петар Атанасов денес беше меѓу граѓаните во Богданци и Стојаково.

– Станавме регион на старци, бидејќи секој млад човек од овде иднината ја гледа надвор од државата. Ние пак, што сме останати овде, не можеме да го покриеме месецот. Премногу трошоци, а со една плата сме цела фамилија. Ако не се променат работите и ние ќе одиме во странство, да ги гледаме нашите внуци и да сме поблиску до нашите деца, велат граѓаните на Богданци.

„Сиромаштијата, невработеноста, иселувањето на младите, лошиот образовен систем, селективното доделување на земјиштето се главните проблеми што ги мачат граѓаните од овој регион. Тие се разочарани од политиките на ВМРО –ДПМНЕ и бараат промени. Надежта ја гледаат во новата влада предводена од СДСМ“, се вели во соопштението на СДСМ.

Atanasov

-Промени ќе има на слободни, фер и демократски избори. На Македонија неопходни и се промени, неопхофни и се фер и демократски избори. Целата меѓународна заедница го потврди она што цело време го говориме, на 24-ти април нема услови за слободни и регуларни избори. Груевски избега од соочување со вистината затоа што се плаши. Времето на демократски промени во Македонија доаѓа, ништо не може да го спречи, рече Атанасов.

– Ова е почеток на крајот на Груевски и врхушката околу него. Заради ниви „успешни“ реформи 626.312 илади граѓани, претежно млади ја напуштиja Македонија. Со заминување на криминалната банда, општество ќе се движи напред и секој граѓанин на Македонија ќе има основни егзистенцијалниуслови за живот. Младите мора да ги вратиме назад, а тие што ги имаме тука да ги задржиме, да им понудиме квалитетно образование и доосовршување, рече Атанасов пред жителите на Богданци.

– Ќе воведеме гаранција за младите, ќе обезбедиме неповратни средства во висина од 10.000 евра за младите да отпочнат сопствен бизнис. Ќе направиме тие да бидат движечка сила во општеството, додаде Атанасов.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Приватна фирма плаќа лобисти во САД за Мицкоски

Катерина Ѓуровски

СДСМ поднесе предлог-закон за финансиска поддршка на земјоделците

(ВИДЕО) Филипче: Мицкоски не е на списокот на државници кои ќе се сретнат со Трамп

А1он

(ВИДЕО) Штерјова: Бизнисот цвета – нова зделка со броила за струја вреден 13.3 милиони евра за српска фирма

А1он

Тренчевска: Една милијарда евра е зголемена дупката во ПИОМ

Имало ли одлука на Собранието на акционери на Лотарија за финансирање на прославата, прашува СДСМ