Атанас Мазнов, основач на „Никола Вапцаров“: Тука сме Македонци од четири држави, Гоце ни остави аманет

Од:

Еден од основачите на македонскиот клуб во Благоеврад, Атанас Мазнов на отворањето на „Никола Вапцаров“ рече дека целта не биле провокации, туку градење на мостови меѓу македонскиот и бугарскио народ и нови културни пространства какви пшто им оставил во аманет Гоце Делчев.

– Добредојдовте драги гости, вие сте во нашиот клуб кој го носи името на неповторливиот и бесмртен поет Никола Вапцаров. Нашиот клуб е ранет. Една буква поправивме, но гледате дека фали друга буква. Сакам да изразам благодарност кон нашите браќа од Канада и до Меѓународната организација за заштита на правата на Македонците.

Голема благодарност до сите Македонци од Пиринска Македонија кои ни дадоа сила ова да се случи.

Благодарност и до Раде Силјан кој објави дека ќе подари 300 тома литература за нашиот клуб, тоа за наше богатство.

Цел не беше отворањето на клубот, туку вашето присуство и духот кој не држи ние да се чувствуваме и да работиме за македонската идеја. Тука имаме Македонци од четири држави, имаме поздрави од Америка и Европа.

Сакаме да објавиме дека ова е сеопшт македонски собир. Сакаме да изградиме мост меѓу двата народи, ново културно пространство, тоа ни го остави во аманет Гоце Делчев, порача Мазнов.

Би можело да ве интересира

Напаѓачите на Македонскиот клуб во Благоевград биле општински службеници

Катерина Ѓуровски

Ковачевски: Најостро го осудувам вандализмот врз македонскиот клуб во Благоевград

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Го осудуваме демолирањето на македонскиот клуб во Благоевград, најитно да запре говорот на омраза кон Македонците во Бугарија

(ВИДЕО) Левица: Апасиев нападнат во Благоевград

Ана Ололовска

Демократски сојуз: Поддршка на Македонците во Бугарија

Ана Ололовска

(ВИДЕО) Мицкоски од Благоевград: Нашето право да бидеме Македонци е неприкосновено, ова право не е признато во Бугарија

Орце Костов