Асоцијацијата за детски дијабет бара проверка на инсулините

Од:

Асоцијацијата за детски дијабет на Македонија-Баланс МК и други здруженија на дијабетичари бараат од Агенцијата за лекови на РМ итна детална проверка и вонредна инспекциска контрола на квалитетот на набавка, транспорт и складиштење на инсулините, со оглед на, како што велат, зачестената појава на нивна „нефункционалност“ во изминативе три години.

Тие бараат проверка од каде се набавува инсулинот и гаранција дека тој бил соодветно чуван до моментот на преземање од страна на увозниците, но и проверка на сите температурни исписи од дата-логери во рамки на т.н. студен ланец на транспорт.

Од Агенцијата за лекови се бара и проверка на температурни записи на складиштење на овој лек со компаративна проверка согласно законската обврска на чување и документирање на температурни записи во изминатиот неколкугодишен период, што, како што се посочува во соопштението од БАЛАНС.МК (пет години според законските прописи и регулативи).

Од БАЛАНС МК бараат итни одговори за овие прашања, кои, како што велат го тангираат здравјето и животот на над 40.000 инсулин зависни граѓани на Република Македонија меѓу кои 450 се ДЕЦА. Секое одлоговлекување, релативизирање и слични видови аргументација, сметаат од БАЛАНС МК ќе бидат повеќе од јасен одговор, по кој ќе бараат морална и кривична одговорност.

Би можело да ве интересира

Оваа година е најтешка за нас велат дијабетичарите

Протест на здруженијата на дијабетичари: Да се смени моделот на набавки за да нема доцнења

Лани во земјава 7432 новозаболени од дијабетес

А1он

Лицата со дијабетес сè уште чекаат на сензорите за безболно мерење гликемија

Катерина Ѓуровски

Здруженијата на дијабетичари бараат итно решавање на проблемот со недостиг на инсулин

Ана Ололовска

Сојузот на здруженија на дијабетичари бара непречено функционирање на Центрите за дијабетес

Ана Ололовска