Асоцијација за цистична фиброза се дистанцира од изјавата на пациентот Игор Пехчевски

Од:

Асоцијација за цистична фиброза (АЦФ) којашто ги застапува интересите на сите пациенти без никаков исклучок како и досега ќе продолжи да дејствува за обезбедување современа терапија за сите пациенти со цистична фиброза. Во врска со најновите случувања и изјава на пациентот Игор Пехчевски, член на АЦФ, Асоцијацијата се оградува од лично изнесениот став на пациентот поврзан со лечењето и третманот кон него, се вели во фејсбук статусот на АЦФ.

„Како Асоцијација на пациенти немавме и немаме забелешки за професионалниот пристап и третманот од страна на здравствените работници задолжени за оваа специфична здравствена состојба. Напротив, токму заради професионалниот пристап, голема е почитта кон сите нив меѓу кои и професорката Стојка Фустиќ, особено затоа што е достапна во секое време, без разлика дали станува збор за празник или нејзин слободен ден.

Сметаме дека личното незадоволство на нашиот член Игор, потенцијално може да оди на штета на сите пациенти и на она што Асоцијацијата до овој момент успеа да го постигне.

Воедно, пациентите преку Асоцијацијата ги продолжуваат своите активности кои се веќе започниати со Министерство за здравство, Фонд за здравствено осигурување на Република Северна Македонија и Влада на Република Северна Македонија за остварување на правото за современа терапија и обезбедување соодветни условите за лекување на сите пациенти“, се вели во постот на АЦФ.

Би можело да ве интересира

Лекот не е комодитет, туку е приоритет – порака од лицата со цистична фиброза

Министерство за здравство: Одобрени дополнителни 1,6 милиони евра за Трикафта

Орце Костов

ВМРО-ДПМНЕ: Ковачевски и Меџити ги навредуваат и омаловажуваат болните од цистична фиброза

Меџити: Ќе го решиме проблемот што го имаат лицата со цистична фиброза

Набавката на трикафта повторно заглави

Пациентите со цистична фиброза на протест пред Министерството за финансии