Асфалтирање ударни дупки во Кисела Вода

Од:

Општина Кисела Вода денеска започна со акција за крпење на ударните дупки во 14 месни и урбани заедници. Со четири оперативни групи ќе се дејствува паралелно на сите реони низ Општината.

– На оваа акција и претходеше акција на снимање и детектирање на овие дупки и дојдовме до заклучок дека ќе бидат потребни 900 квадратни метри асфалт, изјави градоначалничката на Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ.

Акцијата ќе трае во наредните 15 дена, за што Општината ќе издвои два милиони денари.

Би можело да ве интересира

Општина Кисела Вода: Најостро ги демантираме сите изречени клевети од здружението „Стоп за Усје“

Манифестација „Спортист на годината“ во Општина Кисела Вода

Водоснабдувањето прекинато во дел од Кисела Вода

Горан Наумовски

ВИДЕО: Демнач плаши станари на зграда во Кисела Вода

Градоначалничката Стаменкоска-Трајкоска на увид во реконструкцијата на објектот на месната заедница во Пинтија

Предраг Петровиќ

Кривична за пироман од Скопје – предизвика пожар во возило во Кисела Вода

А1он