Асфалтирана улицата Самоилова кај скопското Кале

Од:

Општина Центар, во соработка со град Скопје, по повеќе од 20 години го реконструираше кракот од улицата Самоилова на Кале, кој води до Музејот на Современа уметност.

Вкупната површина на реконструираниот дел изнесува 3200 метри квадратни и е во должина од 500 метри. Стариот, дотраен и оштетен асфалт е заменет со нов асфалт.

На улицата Самоилова има и ново улично осветлување, а со цел обезбедување поголема безбедност на пешаците и нормален тек на сообраќајот на возилата, поставена е и нова хоризонтална сигнализација, информираат од општинатач

– Активностите на општина Центар за подобрување на инфраструктурата продолжуваат и во наредниот период со реконструкција на улиците Димитар Пандилов и Ганчо Хаџи-Панзов. Во тек е и санацијата на улицата Ѓуро Ѓоновиќ во Маџир Маало, како и на улиците Петричка и Велешка, а привршува и реконструкцијата на улицата 171 во населбата Крњево, се вели во соопштението на општина Центар.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Расправија на жители со работници во Центар: Уште во 5 часот изутрина вршат градежни работи

Горан Наумовски

Спасувачка акција на Пелистер: извлечен повреден со скршеници на нозете

Герасимовски, ако сакаш граѓаните да одлучат – распиши референдум за Барутана

Предраг Петровиќ

За стан од 50 квадрати во Центар платени 168.000 евра

А1он

Во стан во Центар е пронајден починат 62-годишен скопјанец

Герасимовски: Ја реконструираме „50 Дивизија“, градиме нова градинка во маалото, вложуваме во инфраструктурата на секоја населба во Центар