Асфалтиран регионалниот пат Крива Паланка-село Огут

Од:

Во завршна фаза е асфалтирањето на регионалниот патен правец Крива Паланка – село Огут, во должина од 6,2 километри. Инвестицијата е во висина од 15 милиони денари.

Градоначалникот на Крива Паланка, Борјанчо Мицевски, изврши увид на активностите на терен и рече дека овој регионален патен правец се асфалтира по четири децении откако е изграден.

– Ова е патен правец кој ја поврзува Крива Паланка, населбите Осичка Маала и Домачки Дол, со селата Осиче, Метежево, кон Габар, Метежево Огут и Нерав, пат кој е од исклучително значење за општината и за перспективниот развој. Патот е асфалтиран пред 40 години, а на мое општо задоволство и на сите граѓани, особено оние кои гравитираат кон овој реон од општината, поставуваме нов асфалт во должина на трасата од 6200 метри, а се врши и максимално проширување на патниот правец во населбата Домачки Дол, каде беше своевидно тесно грло и сообраќајот се одвиваше отежнато, изјави Мицевски.

Изведувач на работите е јавно претпријатие за државни патишта на Република Македонија, кое за изградбата од буџетот за 2018 година издвои сума од околу 15 милиони денари.

– Се надевам соработката со ЈП Државни патишта ќе продолжи и наредната година во насока на продолжување на овој патен правец, но и санација на оние патишта кои се од витално значење и за општината и за регионот, додаде Мицевски.

Согласно потребите на одредени места од патот ќе се постават тротоари или ивичници, како и потпорни ѕидови.

Тековно, во општина Крива Паланка се реализираат активности од проектот за замена на преостанатиот дел до азбестно-цементни цевки во централното градско подрачје, а најавено е и крпење ударни дупки и тековна реконструкција на локални патни правци на повеќе локации.

Би можело да ве интересира

Гори борова шума во кривопаланечко, пожарот се прошири кон Србија

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Манасиевски: Градоначалникот тепач од Крива Паланка, пред јавноста глуми жртва, а во суштина се однесува шерифски во општината

Митовски: Пожарите во Крива Паланка се локализирани, но сѐ уште постои опасност од разгорување

ЦУК: „Ер тракторот“ дејствува во Крива Паланка, а хеликоптерот на МВР е упатен кон селото Орман

Се разгорува пожарот над Крива Паланка

Филипче: Сашко Митовски ја доби поддршката за кандидат од СДСМ за втор мандат

Горан Наумовски