Асани: Железничката станица во Скопје до мај со нов изглед

Од:

Железничката станица во Скопје најдоцна до мај следната година ќе добие нов лик. Проектот за реновирање на станицата ќе го подобри севкупниот квалитет на услуги за патниците и зголемување на техничките стандарди и капацитети на станицата, најави директорот на МЖ Инфраструктура Ирфан Асани, при денешниот увид на градежните активности.

Проектот за реновирањето го изготви германската фирма „Гронтмеј“,  а реализацијата ќе чини 2,9 милиони евра, обезбедени од ЕУ преку ИПА фондовите.

– Железничката станица во Скопје, која беше пуштена во употреба пред 33 години, во тоа време претставуваше најмодерен сообраќаен центар не само во Македонија, туку и пошироко на Балканот. Станицата низ која дневно поминуваа по 70 воза и околу 7.000 патници со својот специфичен изглед и градба претставуваше врв на архитектурата за тоа време. Од тогаш немало ниту еден поголем инвестициски зафат, а сегашните активности ќе придонесат за враќање на нејзиниот сјај, изјави Асани.

Во подобрување на квалитетот на услугите за патниците, посочи,  акцентот е ставен на патниците со инвалидитет, намалена мобилност и специјални потреби.

Со проектот, информира, е предвидена изградба на два нови лифта за качување на патниците на пероните, нов лифт платформа за лица со инвалидитет и за патници со поголем багаж, подигнување на нивото на постоечките перони за 55 сантиметри, односно на ниво на платформата на вагонот.

Ќе има нов информациски систем и систем за разглас, електронски систем за влез во станицата, приспособување на паркинг просторот, подобрување на осветлувањето и  климатизацијара, изработка на специјални ребрасти патеки за слепите лица, како и звучни сигнали.

Би можело да ве интересира

Од 700 километри пруга, граѓаните користат 150: Државата ниту изгради ново, ниту модернизираше старо

A1on

(ВИДЕО) Пропуст од 25 милиони евра: Кинеските возови биле нарачани без простор за миленици и велосипеди

A1on

Трајно укината станицата над Богомила оти возот губел залет на угорнина: Жителите под Солунска глава и планинарите останаа без превоз

A1on

(ВИДЕО) Бесплатниот студентски билет го претовари возот за Битола: Кавги помеѓу патниците кои се набиени еден до друг

A1on

Нормализиран железничкиот сообраќај, машиновозачите го прекинаа бојкотот

A1on

Трет ден не работат сигналните рампи поради уништен кабел на пругата Велес-Згропалци од невремето

А1он