Пред одлуката на Врховниот суд, осудените од „Фаланга“ и дел од адвокатите се шокирани со „нарачаните судски одлуки“.
Пред да се произнесе највисоката судска инстанца, апелираат да се применува правото и доказите, „кои во овој предмет ги нема, во спротивно најавуваат дека ќе ги искинат дипломите зашто во Македонија право не се спроведува туку нарачани полициски одлуки“.
21 лице од Прилеп, Скопје, Неготино и Валандово добија 77 години затвор за присвојување на добра , тешка кражба, злосторничко здружување, а Апелациониот суд ја потврди одлуката.
При тоа се наведува дека кај осудените биле пронајдени предмети со непроценлива вредност, иако не е извршено вештачење на предметите затоа што Македонија нема таква институција. Адвокатите се шокирани што има пресуда, а нема доказ дека е украдена збирка од некаде, дека фали во некој музеј, збирка, нема доказ дека е извршена тешка кражба.
Една од фигурите за кои обвинителството првично трвдеше дека е предмет со бесценаета вредност е и Пегазот, коњот кој подоцна им беше избришан, зашто се испостави дека нема никаква вредност, но и дека може да се купи на Битпазар за 200 денари, а во Грција истите фигури од „непроценлива вредност“ се 10 евра.
Истото е и за фигурата Менада, како и луцерната кои се третираат како оригинал, иако обвинетите тврдат дека се фалсификат а за луцерната дека е купена на пазар и нема никаква вредност.Судот пак останува на ставот дека се од непроценлива вредност, иако не е утврдено ни од што се избработени.
Еден е осудените сега е дел од злосторничко здружување, зашто 15 години во неговиот двор имал 100-тина камења, за кои вели дека може да се најдат секаде во околината на Прилеп. Никој не направил вештачење, нема мислење за оригиналноста за камењата, а осудениот посочува дека го имал известено и Музејот дека има камења во дворот.
Освен предметите, полицијата им одзела и комјутери, сребрени чаши, трофејни пиштоли и сабји, бакарни работи, грнчарија, икони, но ништо од тоа не им се враќа. Сите предмети се означени како „непроценливо вредни“, а без да се изврши вештачење и да се утврди дали и тие се како фигурата на коњот кој чини 200 денари.
Дополнително, државата нема никакво побарување, ниту пак се посочува каде е оштетена, во пресудата нема формулација како во обвинението, а има пресуди.
Во групата e и еден полицаец кој исто е осуден, кој кога било приведувањето укажал дека не се приведени вистинските криминалци, зашто имал слики од нив, кои ги дал на МВР. Сега и тој е меѓу осудените.
Судот наспроти ваквите мислења, се повикува на мислењето само на едно стручно лице од археологијата кое рекло дека предметите се оригинални и се национално богатство од непреценлива вредност. Другите стручни лица кои беа сослушани,биле децидни дека само 4о минути им било дозволено да ги проучат сите предмети, кои на број биле над 1.000, и дека ги гледале само типолошки и хронолошки , а не од аспект дали се оригинални или не.
Од прислушуваните телфонски разговори, судот извлече заклучок дека сите од групата се договарале каде да се продаваат овие предмети и дали има заинтересиран купувач, иако претходно негирале дека се познаваат. А1 детално ќе ја истражува оваа приказна во следниов период.