Артан Груби: Владата одобри 1,1 милиони евра за санирање на канализација во Арачиново

Од:

„Конечно ќе се санира канализацијата во Општина Арачиново“, се пофали првиот вицепремиер на владата, Артан Груби на својот профил на Фејсбук.

Тој објави дека на владината седница која се одржа денеска била изгласана одлука за спроведување на постапката за јавна набавка за санација на каналот за отпадни води во оваа општина. За оваа намена владата ќе издвои 1,1 милиони евра.

„Исклучително важна инвестиција вредна околу 66 милиони денари во служба на квалитетен живот на жителите на Арачиново. Исто така, денеска ја усвоивме информацијата од Министерството за земјоделство за обесштетување на штетите на земјоделците од поплавите во 2016, 2017 и 2018 година кои изнесуваат вкупно 10% од претрпените штети. Наскоро ќе започне процесот на исплата на планираните средства“, објави Груби.

Би можело да ве интересира

Сведок во случајот „Државна Лотарија“: ВЛТ апаратите никогаш не беа пуштени во употреба!

А1он

На Груби куќниот притвор му завршува за една недела, приложи гаранција од 335.707 евра за укинување на дополнителните мерки

Првиот сведок на Обвинителството сведочеше контра обвинението во случајот „Државна лотарија“

Во Кривичен суд продолжува судењето за „Државна лотарија“

Миланов: „Казино Аустрија“ нема ексклузивитет за автоматите, набавката на апаратите е целосно законска

Продолжува судењето за „Државна лотарија“