Арта Точи од Алијансата на Албанците нова пратеничка на местото на Мемеди

Од:

Арта Точи од Алијансата за Албанците ќе биде нов пратеник во Собранието на Република Северна Македонија на местото на Весел Мемеди од НДП, чија оставка беше констатирана на денешното пленарно заседание. Државната изборна комисија (ДИК) денеска на седница ќе го потврди мандатот на Точи како нова пратеничка.

Точи беше на листата на тогашната коалиција на Алијанса за Албанците во шестата изборна единица, која ја сочинуваа НДП-Движењето за реформи на Зијадин Села и Унитети на Гзим Острени.

Таа е поранешна заменик-министерка за надворешни работи во периодот по формирањето на Владата на премиерот Зоран Заев до крајот на декември 2017 година. Од ова место замина откако нејзината матична партија излезе од владејачката коалиција.

Алијансата на Албанците по верификацијата на мандатот на новата пратеничка, во Собранието на Република Северна Македонија ќе има тројца пратеници – Зијадин Села, Сурија Рашиди и Арта Точи.

Би можело да ве интересира

Гаши апелира за достоинствена и етичка комуникација во Собранието

Собранието в среда ќе ги констатира оставките на Бислимовски и Ристовска и ќе избира нов уставен судија

Албуљена Хаџиу избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието го изгласа Законот за прекршоци – стартува проектот „Безбеден град“

Гаши: Собранието мора да ја засили контролата врз работата на Владата

На седница на Собранието измените на Кривичниот законик