„Арт ограда“ во Карпош

Од:

„Моден викенд Скопје“ (Fashionweekend Skopje), своето X-то јубилејно издание ќе го одбележи на оригинален начин. Високата мода, и светските модни трендови ќе ги спушти меѓу граѓаните.

Во соработка со Oпштина Карпош, “Моден викенд Скопје“, во 11 часот, на 22 октомври (среда), ќе постави изложба на фотографии на модели на македонски дизајнери учесници на годинашнава манифестација. Изложбата на фотографии ќе биде на отворено на оградата на Архивот, наспроти CityMall односно на аголот на улица Московска и булеварот Партизански одреди, насловена „Арт Ограда.
Станува збор за големи паноа од фотографии на модели кои ги носат нашите познати актерки Ивана Павлаковиќ и Дарја Ризова, Јована Василева победничката на „Танц на ѕвездите“и манекенките на модната агенција „Подиум“.

Овој настан ќе биде најава на гламурозната манифестација „Модната недела Скопје“ која ќе почна на 23 и ќе трае до 27 октомври.

Ова денес беше објавено и на посебна конференција за печат организирана од Модната недела Скопје, на која се обратија продуцентката на Fashionweekend Skopje Светлана Богова Јовановска и Маја Илиќ, менаџер за односи со јавност.
Инаку фотосесијата на моделите на македонските модни креатори се правеше на осум локации на територијата на Општина Карпош, која како најурбана општина е најпретставителна за современите модни трендови, и тоа кај реновираната фасада на зградата „Мал одмор“, кружниот тек кај гимназијата „Ѓорѓи Димитров“, кај фонтаната во Карпош3, на платото кај Млечен ресторан, во дворот на манастирот Свети Пантелејмон, во дворот на ООУ „Јан Амос Коменски“, на новиот плоштад во Влае „Делфина“ и долж булеварот Партизански одреди.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Лукровски: Целосна дигитализација на услугите за искоренување на корупцијата и почит кон времето и довербата на секој карпошанец

Вистинскиот избор за Карпош е Сотир Лукровски, велат од ВМРО-ДПМНЕ

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе ја направам општина Карпош најчисто и најуредно место во Скопје

Лукровски: Реконструкција на фасади, модернизација на лифтови и поставување шифрарници во сите станбени згради во Карпош

Димитров: Ќе го вратиме животот во културните центри изградени во социјализмот

(ВИДЕО) Лукровски: Ќе воведам апликација „Мој Карпош“ која ќе биде дигитален сервис за граѓаните за пријавување на проблемите и издавање на потребните документи