Арсовски: ВМРО-ДПМНЕ поднесе кривична пријава за наместениот тендер за водоводната мрежа на „Варшавска“

Од:

Како што најавивме и откако објавувавме докази за сериозен криминал односно наместен тендер од двоецот Шилегов – Весковски во јавното претпријатие Водовод, денеска ја поднесовме кривичната пријава до секторот за организиран криминал, до Jавното обвинителство објави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Во текот на 2020-та година во април со рамковна спогодба потпишуваат пет фирми за реконструкција на водоводна мрежа во текот на годината. Потоа во текот на јули и август месец се одвива реконструкција на улица „Варшавска“ од страна на фирмата КБК Инженеринг и КОДИНГ на водоводната мрежа. Да, потоа веднаш после завршување на работата во октомври месец се изврши изборот на најповолен понудувач за истата работа која што веќе е завршена од страна на фирмата КБК Инженеринг што уште еднаш покажува дека овој тендер бил однапред договорен и наместен за оваа фирма КБК Инженеринг и КОДИНГ. Поднесовме обемен материјал со докази кои што го потврдуваат сето она кое што го говоревме и се она кое што ќе сака да го прикријат доколку сакаат да го прикријат од страна на секторот за организиран криминал, би било само јавен преседан во заштита на криминалот и корупцијата на власта“ – рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ