Арсовски: Владата знаела дека ќе има криза минативе месеци и потрошилa два милиони евра

Од:

СДСМ е директен виновник што државата и граѓаните не можат да се справат со економската криза. Иако знаеле дека ќе има економска криза, не преземале ништо. Не предвиделе антикризни мерки кои што требало да ја ублажат кризата која што во моментов ја чувствуваат и живеат граѓаните вели портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

– Наместо антикризни мерки, изминативе неколку месеци откако знаеле дека ќе има сериозна економска криза, продолжиле од Владата со непродуктивни трошења. На пример, изминативе неколку месеци потрошиле 2 милиони евра на луксуз. Само вчера презентиравме дека за кафиња, златен прибор за јадење, хотелски сместувања, телефонски услуги, режано цвеќе се потрошиле над половина милион евра. Еве на пример, претпријатието Железници иако е на раб на банкрот секој месец во годината, повторно се потрошиле над 7 милиони денари за канцелариски материјал и кондуктерски ташни. Републичкиот совет за безбедност при сообраќај на пример одвоил околу 5 милиони денари за услуги за печатење. ЈП за стопанисување со станбен и деловен простор, во време кога знаеле дека ќе има криза, за процена на деловен простор одвоиле 4.7 милиони денари, рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела