Арсовски: Талат Џафери да ја стави на дневен ред интерпелацијата и да не се крие и бега

Од:

Помина подолг период од кога ја видовме снимката од пцовките, неартикулисаните и примитивните случувања кои произлегоа од однесувањето на Талат Џафери во Собранието, рече портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

– Се обидуваше да ги избегне да ги премолчи. Еве не сака да ја интерпелацијата на дневен ред, очигледно е дека е исплашен, бега, се крие. Свесен е дека сето она кео што го направил, не оди во полза на граѓаните и Собранието, но за ова треба да сноси одговорност и треба што побрзо да ја стави да не речам веднаш, интерпелацијата на дневен ред од едноставна причина затоа што никој не смее да се однесува така примитивно во Собранието на Република Македонија и да ги навредува вработените и да го нарушува нивното достоинство, бидејќи сите тие луѓе имаат семејства а нивните семејства ги слушнаа пцовките и примитивниот начин на однесување на претседателот на Собранието Талат Џафери, изјави портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

Така да треба веднаш да се стави на дневен ред интерпелацијата бидејќи треба да се сноси одговорност за примитивно однесување кое што го имаше претседателот на Собранието, посочи Арсовски.

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски на денешната прес конференција зборуваше и за активната блокада во Собранието и потенцираше дека таа е добро спроведена во Собранието и дека понатаму ќе продолжи.

-Апсолутно можам да потенцирам и нашите очекувања се исполнети дека активната блокада практично е и реализирана до овој момент онака како што е планирана, a ќе продолжи и понатака. Да, има уште неколку дена до протестот кој што е најавен на 18 јуни и ќе има прилично импресионирачки одзив колку луѓето имаат револт кон оваа Влада и ќе го искажат во сабота. Она кое што може да се напомене за Собранието е активната блокада дека е прилично добро спроведена и ќе продолжи да се спроведува и тоа се гледа од нервозата од челните лица на претседателот на Собранието, тоа се гледа од нервозата која што ја има СДСМ и така натаму. Очигледно е дека тие и немаат така сериозно мнозинство како што велат дека можат да функционираат. Практично се виде дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ односно на опозицијата се многу вредни за функционирање на Парламентот и не можат да бидат игнорирани како што тоа се обидуваат да го прават во минатото власта односно СДСМ, ДУИ и претседателот на Собранието. Активната блокада продолжува, да сега на тема е расправа за буџетот, но активната блокада продолжува и сето она кое што е на штета на граѓаните ќе биде блокирано. Сето она кое што е за добробит на граѓаните ќе се дискутира и практично ќе може да помине заедно со пратениците на ВМРО-ДПМНЕ. Впрочем тоа е она кое што го имавме од самиот почеток и најавено, истакна Арсовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Бомбата на Кузеска е петарда која и пукна во рака, следен пат нека излезе на прес со проверени информации

Катерина Ѓуровски

Петрушевски: Оставката на Љупчо Коцевски е победа за правната држава

ВИДЕО: Нема да се градат кампови за мигранти од Британија, тврди Милошоски

Катерина Ѓуровски

Конгрес на децата на Орбан, реагира СДСМ по настанот за реизбор на Мицкоски

СДСМ држи пресови за тоа кој, каде е вработен во приватни фирми, реагира ВМРО-ДПМНЕ

Катерина Ѓуровски

ФЕНИ е во целосен застој, работниците се оставени на цедило-пропаднаа ветувањата на ВМРО-ДПМНЕ, тврдат од СДСМ