Арсовски: Срамен, шверцерски и диктаторски отказ за докторот кој обелодени срам во здравството

Од:

Денеска како граѓани на Република Македонија сведоци сме на најсрамниот чин на министерството за здравство и Владата, најсрамниот нехуман и нечовечки чин, а тоа е отказот кој му го дадоа на перфиден, шверцерски и срамен начин на специјалистот невролог доктор Мирослав Гроздановски рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

„Причината сите добро ја знаеме, смешна и срамна, почитуваниот доктор го сликаше срамниот натпис во болницата Букурешт за одделот дерматовенерологија, а каде неписмено беше напишана таблата демавенетерологија и така беше поставена.Заради ова, човек, доктор, специјалист доктор со полн работен век на 3 години пред пензија, хунтата на власт го остави без работа. Само и само затоа што му го изваде јавно на површина срамот. Имено на најперфиден и шверцерски начин додека бил на одмор го префрлиле во болницата Бит Пазар, а таму му дале отказ затоа што наводно не се појавил на работа три дена. Без да му се јави некој, без да го повика, без да разговара со него3 – вели Арсовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот

ВМРО-ДПМНЕ: Се јави експертот за кризи Филипче, совети од човек кој сакаше да заработи на вакцини во ковид кризата не бараме

ВМРО-ДПМНЕ: Дали Вице Заев, Оливер Спасовски и Венко Филипче се плашат од тоа што ќе каже Артан?

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?