Арсовски: СДСМ ветуваа вработувања за сите и шанса за дообразување, а се вработија само шарените револуционери

Од:

Димче Арсовски, потпретседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека поминаа 4 месеци од доаѓањето на СДСМ на власт, а од ветувањата за младите се уште нема ништо.

– Лагите дека сите млади ќе бидат вработени по завршувањето на своето образование, или пак ќе имаат шанса да отидат на дообразување и на дообучување веќе излегоа на виделина. Веќе е јасно. СДС немаат намера да вработат никој кој што не е на партиските списоци за вработување. Тоа се истите лаги како и лагата дека од секое семејство ќе има по еден вработен. За жал, уште еднаш се докажа дека Социјалдемократскиот сојуз младите луѓе во Република Македонија ги гледаат единствено како гласачко тело кое треба да ги донесе на власт. За жал уште еднаш се докажа дека Зоран Заев, Ивана Туфегџиќ, Стефан Богоев и останатите ги изманипулираа чувствата на средношколците кои имаат право на глас, на студентите и сите останати млади само за да седнат во функционерските фотелји, рече Арсовски.

Тој рече дека навиките во СДСМ никогаш не се менуваат и дека наместо поред ветувањата сите да добијат вработувања и шанса за дообразување и дообучување, се вработиле само шарените револуционери и партиските кадри на СДСМ.

– Лицемерието излезе на виделина. На Заев, Богоев и Туфегџиќ, веќе никој не им верува. Како и секоја друга негативна статистика во државата од изминативе 4 месеци, така и иселувањето на младите во изминативе 4 месеци достигна до бројка од над 30.000 млади кои се иселија од Република Македонија. Ова е доволен показател дека младите се изневерени од новата влада на Социјалдемократскиот сојуз која што им ветуваше живот пред изборите. Младите нема да дозволат да им биде потценета нивната интелигенција, рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

Петрушевски: Филипче врши селективна борба против корупцијата

А1он

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче има дилеми за атентатот на Глигоров нека си го праша Фрчкоски кој вдомен во штабот на СДС снима поткасти, а тогаш беше министер

ЛДП бара СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ да вратат 4 милиони евра што ги зедоа за финансирање на политичките партии

Предраг Петровиќ

ВМРО-ДПМНЕ бара Обвинителството да отвори предмет и да ги провери наводите на Филипче за криминал тежок 37 милиони евра кај договорот за хеликоптерите

Левица: И по четири човечки жртви, власта повторно го отвора коритото на Пчиња за бизнис 

(ВИДЕО) Стефковски ѝ се закани на советничката од Левица, Маја Никодиновска со ликвидација: „Пази да не завршиш како Оки и Жила“, тврдат од Левица