Арсовски: СДСМ да не го затскрива случајот со убиството во Ново Село, во јавноста се говори дека се вмешани нивни блиски структури

Од:

Портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски, на денешната прес-конференција одговараше и на новинарско прашање кое се однесуваше во врска со убиството на младо момче кое се случи во струмичко Ново Село.

Арсовски рече дека за жал, во Македонија станало многу нормално да гинат луѓе откако е СДСМ на власт и додаде дека во градот Струмица се говорело и пишувало на социјалните мрежи дека во целиот овој случај биле вмешани структури кои што имаат блиски релации до власта, а нормално, МВР за тоа молчи.

– Еве јавно прашуваме, дали во ова убиство се вмешани такви блиски структури до власта. Јавното обвинителство и МВР не треба да молчат, не треба да се обидуваат да прикријат и сокријат било какви докази за убиство за едно недолжно младо момче за кое штотуку почнувал животот и нормално, доколку се вмешани, а сѐ повеќе се говори, се пишува по социјалните мрежи, се зборува низ струмичкиот регион дека се вмешани блиски луѓе до власта, треба најстрого да бидат казнети и нормално сите оние кои што им давале заштита и закрила да сносат одговорност. Не е првпат СДСМ да се обиде да сокрие убиство или докази, или било што поврзано со убиство, така беше и со трагично загинатиот ракометар од Хрватска Тот, така е и сега, но тоа за жал стана пракса на СДСМ. Очекуваме решавање во најбрз можен рок и очекуваме оние кои го извршиле овој грозоморен чин да одговараат, а доколку МВР продолжи да се однесува вака со обид да го затскрие ова дело и овој случај, нормално е да се поднесе оставка од највисоко можно ниво, рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела

ВИДЕО: 74 тендери вредни 17 милиони евра за една фирма, институциите два месеци без реакција, обвинува СДСМ