Арсовски: Само управната зграда на АД Славија чини над 9 милиони евра, земјиштето од 40 илјади м2 дополнително ќе ја зголеми вредноста, а власта сака да го продаде за само 218,535 евра

Од:

„Вчера обелоденивме скандал, каде што власта најбрутално сака да ја продаде АД Славија за 218.535€, а целата Славија има имоти и објекти вредни над 20 милиони евра. Без официјална проценка, без Владата, без ништо, Владата ја мести Славија за продажба на нивни блиски луѓе топтан да го земе целиот имот за 218.535 евра“, рече Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

„Фатон Асани од СДСМ и Владата, вчера имаа обид да го замаскираат потенцијалниот криминал кој би се случил со продажбата на АД Славија, закажана замислете на само два дена пред Нова Година, мислејќи дека никој нема да види и да чуе.

Најпрвин, јавно кажаа дека имотот на АД Славија немал вредност и бил претходно распродаден и затоа акцијата паднала од 1700€ на 51€.

Тоа не е точно, тоа е распродавано е јавно,за да се отплаќаат долговите кон доверителите на тие коишто имаат побарувања. Се што е останато е останато со многу малку долг, за разлика од оној од претходно.

Да се разбереме, ова е брутална лага, АД Славија има прилично вреден атрактивен имот и земјишта и затоа сакаат да го земат за само 218.535€.

Само оваа зграда, позади мене, заедно со пропратните објекти, според процените од 2016 година чини над 9 милиони евра.

Објектите како што е управната зграда, магацините, старите и новите, и другите пропратни објекти на ова земјиште тука чинат дури 9 милиони евра, на површина од околу 40.000 м2 земјиште кое се наоѓа тука, кое е во постапка за да приватизација од државно да стане сопственост на АД Славија преку службата за имотно-правни односи.. Со приватизацијата на земјиштето, дополнително би се зголемила вредноста на овој имот и земјиште позади мене за уште неколку милиони евра.

Е сега, јавно прашувам, дали само овој имот и управна зграда позади мене чинат 218.535€?

Не, овој имот сега чини 9 милиони евра, а ќе чини и многу повеќе, а тоа што сака власта да го направи е да приграби државен и народен имот за ич пари.

Во најава е груб криминал, во најава е брутално распродавање на имотот на граѓаните за смешна цена, дури 100 пати под продажната и тоа во период кога се менуваат две гарнитури во СДСМ и Владата, за да мислат дека никој нема да сноси одговорност. А се знае, ќе отиде во рацете на некој близок до картелот на власт.

Да предупредам одговорност ќе има доколку се случи ова. Институциите да не спијат, они кои седат во фотелјите во Антикорупциска да не спијат, да не играат видео игри по цел ден на работа, туку да излезат и да се произнесат за оваа криминална продажба која треба да се случи.

Повик и до сите оние кои се институциите и кои се против оваа продажба, апелирам до свесните луѓе во институциите на државата, да на било кој начин да ја спречат оваа криминална продажба која сака да ја направи Владата, без разлика дали се поврзани со АД Славија или не“, изјави Димче Арсовски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

Кузеска: Една фирма добила тендери вредни 4,5 милиони евра од Аеродром, Кисела Вода, Неготино и Министерството за спорт

Стојаноски: СДС и ДУИ, заедно со нивните судии и обвинители се во акција за заштита на мазут мафијата

Катерина Ѓуровски

СДСМ: За девет месеци општините на ВМРО-ДПМНЕ склучиле 170 тендери со Пуцко Петрол

Катерина Ѓуровски

Сајкоски: Интерпелациите на пет членови на Судскиот совет се клучен момент во борбата за владеење на правото и довербата во институциите

Катерина Ѓуровски

Трендафилов: Партијата на власт планира да ми ја скине главата

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Министерството на Андоновски, жената Државен секретар, мажот добива тендери обвинува СДСМ

Катерина Ѓуровски