Арсовски: Измамник и пазарџија како Заев ниту имало, ниту ќе има

Од:

Крајно време е да си заминат Зоран Заев и СДСМ од политичката сцена во Република Македонија. Крајно време е, конечно барем еднаш во животот Зоран Заев да си го одржи ветувањето да се соочи со реалноста дека граѓаните повеќе не го сакаат и да си даде оставкаи да си замине од функциите рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

„Тој вети дека ќе си оди од политиката ако ги изгуби изборите, а ги изгуби со 100.000 разлика и повторно не си даде оставка. Киднапираше пратеник за да не гласа против неговата Влада како во најмафијашките филмови и молчи 4 дена како да тоа е најнормално. Срам нула. Им изгореа нему и на Венко Филипче 14 граѓани на Република Македонија во тетовската модуларна болница, се ветија оставки, се вети истрага, ниту има истрага, ниту се поднесоа оставки, ниту пак некој сноси одговорност и одговараше. Одговорност нула како и се останато. Проневерија милијарди евра во тендери, поднесени стотина кривични пријави од најразлични граѓани, политички партии, невладини институции до нивните директори и функционери од СДСМ кои што ја водат Владата и сите стојат по фиоки во обвинителството заради спрегата меѓу Заев и правосудството. Одговорност нула и замислете се уште истите тие не крадат нас граѓаните. Шверцуваат дрога кај стигнат луѓе од МВР блиски до Оливер Спасовски и до Зоран Заев, вмешани плус луѓе кои што се беа сомничени од семејството на Зоран Заев“ – вели Арсовски.

Би можело да ве интересира

Манасиевски: Тоа што не се донесе Изборниот законик е показател за тоа дека СДС, Левица и ДУИ, кога имаат можност ќе го блокираат напредокот на државата

СДСМ: Над два милиони евра завршиле кај „Маратон“ и уште една фирма блиска до ВМРО

Манасиевски: Опозицијата не се бори за подобар Изборен законик, туку за да нема Изборен законик

Нема договор за Изборниот Законик, опозицијата блокира со илјадници амандмани

Катерина Ѓуровски

Милошоски: Левицата не сака да го потпише предлогот за измени на Изборниот законик, ќе биде поднесен амандман за парите за изборно рекламирање

Тренчевска: Две години Влада на Мицкоски, нема повисоки плати, нема подобар стандард- нула исполнети ветувања