Арсовски: Граѓаните на Македонија 20 илјади евра годишно ќе го плаќаат Александар Обрадовиќ

Од:

Димче Арсовски од ВМРО-ДПМНЕ денеска во изјава за медиумите рече дека 20.000 евра годишно граѓаните на Македонија ќе го плаќале Александар Обрадовиќ.

– Што ќе бидат советите на Обрадовиќ кој е ангажиран во Владата на Република Македонија, а е вдомен во ЕЛЕМ? Дали советите од 20.000 евра ќе доведат до нов бонбона бизнис за СДС во кој мета ќе биде продажбата на ЕЛЕМ? На кој начин Александар Обрадовиќ ќе ја заработи платата од 1.700 евра бруто плата која му се исплаќа директ од џебот на граѓаните? Со платата на Обрадовиќ од 20.000 евра може да се исплатат 50 стипендии за најдобрите студенти, или пак да се даде помош од 500 евра на 40 социјално загрозени семејства, рече Арсовски.

Тој додаде дека Заев крател од буџетот средства за капитални инвестиции, а му давал 20.000 евра плата на Обрадовиќ.

– Дали на Заев поважни му се Обрадовиќ и Башановиќ отколку студентите на кои им ветуваше брда и долини, а сеуште не добиваат ништо, или пак граѓаните чија доверба ја изигра уште во првите 100 дена. Александар Обрадовиќ на јавноста и е познат како неуспешен кадар во српската влада за кој својствен е недомаќинскиот начин на работење. Обрадовиќ кој е вработен во владата, за да се вдоми во ЕЛЕМ и да почне да го спроведува планот на спрегата Заев-Обрадовиќ-Башановиќ, насилно избрка двајца советници на директорот на ЕЛЕМ од своите канцеларии, рече Арсовски.

Според него, раскалашеноста на владата на Заев носела фатални и катастрофални последици на македонската економија, а неконтролираното трошење на пари од буџетот ќе доведело до крах во економијата.

– Неспособноста на владата на Зоран Заев веќе ја препознаа граѓаните. Затоа на 15-ти октомври, граѓаните ќе ги казнат за сите грешни совети од Обрадовиќ, Башановиќ и сите останати твитер и естрадни советници, рече Арсовски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Чекаме Филипче и СДС да расчистат со политичките случувања во другите држави, за да се вратат во реалноста и да почнат да бидат опозиција во Македонија

СДСМ: Мицкоски ги ангажирал „Black Cube“ – приватниот „Мосад“ за следење на опозицијата

СДСМ: Дефокусот за Дака не го полни празниот фрижидер

Предраг Петровиќ

Петрушевски: Заев и Филипче да одговорат дали бил договорен процент од продажбата на станбените единици на Дака во Тетово

ВМРО-ДПМНЕ: Ако Филипче сфаќа што збори тогаш веројатно е свесен дека става нова јамка на вратот на македонскиот народ

Левица: Мицкоски ја пушти инфлацијата да гори – ДПМНЕ одбива да ја заштити куповната моќ на народот