Арсовски: АД Славија секоја година има приходи од 50 милиони денари

Од:

Молкот на цела Влада на СДСМ, вклучително и на новиот пиун на Заев, Димитар Ковачевски, кој се уште се нема произнесено по ниту едно прашање, па ниту и за продажбата на АД Славија, е само показател дека сакаат АД Славија да ја продадат свесно обезвреднета, по цена од основачкиот удел од 218.000 евра, а не по пазарна проценета вредност од страна на институциите рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски.

-Целиот имот на АД Славија, со се атрактивни земјишта и имоти чини над 20 милиони евра.Секоја година, АД Славија има приходи од работењето на самата компанија од околу 50 милиони денари. Тоа се околу 70-80.000 евра месечно приходи зависно од месец кои што легнуваат на контото на АД Славија. Според нашите информации во моментов на сметката на АД Славија има околу 6 милиони денари или 100.000 евра, што значи новиот купец кој што би ја купил за 218.000 евра Славија доколку не се одложи како што апелираме, би си добил и пари на сметка кога ќе ја купи фирмата и акциите и практично може да му се за фати за 100.000 евра да купи таква компанија бидејќи нели ќе му се вратат овие 100.000 евра на сметка. Од друга страна, во делот пасивата во годишната сметка може јасно да се види дека обврските на АД Славија се 253.271.232 денари или 4.2 милиони евра обврски и долг. Како и што рековме во изминатите прес конфереции, не е долгот како што лажеа во Владата на оние прес конференции дека бил 17 милиони евра или многу повеќе, долгот е само 4.2 милиони евра, вели Арсовски.

Би можело да ве интересира

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Филипче: САД треба да знаат дека власта во Македонија има карактеристики како режимите во Иран и Венецуела