Арсовска: За три години спречивме над 150 незаконски обиди за легализации на дивоградби

Од:

„Од понеделник ви најавувам фељтон, во кој ќе ги објавуваме едно по едно СИТЕ ОД НАША СТРАНА констатирани и спречени незаконски постапувања и криминал, со аргументи и докази, за кои сеуште никој не постапува од надлежните институции. Во градот Скопје во три (3) години спречивме над 150 незаконски обиди за легализации на дивоградби“ објави на Фејсбук скопската градоначалничка, Данела Арсовска.

Таа вели „Спречивме градење на асфалтни бази во населени места, поднесовме кривични пријави за УСЈЕ и други големи загадувачи за кои сите останати молчат, а ние трпиме секојдневни закани“.

„Отстранивме тендераши, фирми кои работеле во интерес на партии и расчистивме со корупцијата. За да нема простор за „филозофирање” и „празна реторика”, ќе покажеме дека ГРАДОТ ПОСТАПУВАЛ ВЕДНАШ, а некој друг си тера КАКО И ДО СЕГА!!!“ пишува Арсовска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арсовска објави видео од британска телевизија : Македонија не смее да стане центар каде се населуваат, живеат и работат мигранти од опасни подрачја како Авганистан

Горан Наумовски

Арсовска: Го чекаме режимскиот диктатор Мицкоски да покрене постапка за УСЈЕ

А1он

Арсовска го повика Ѓорѓиевски јавно да ги објави долговите и тие што не оделе на работа, ВМРО-ДПМНЕ и одговори дека „правдата е блиску“

Катерина Ѓуровски

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Арсовска сепак именуваше нов директор на Комунална хигиена

Катерина Ѓуровски

Резервите со нафта се при крај, Управниот одбор на Комунална бара од Арсовска да назначи директор

Катерина Ѓуровски