Арсовска: Толку им гори под нозе што користат лаги и измами против моето семејство

Од:

Ниската црна кампања на Заев и Шилегов го допре дното инволвирајќи го моето најтесно семејство.Толку им гори под нозе што моите политичките ривали се користат со нови лаги и измами против моето семејство. Срамно е што моето семејство станува мета на црната кампања. Нападот на моето е напад на секое друго семејство кое треба да биде и да остане светост за секој човек со морал и вредности се вели во реакцијата од независната кандидатка за градоначалничка на Скопје поддржана од ВМРО-ДПМНЕ Данела Арсовска на денешната прес конференција на Славјанка Петровска.

-Тоа од друга страна ја покажува немоќта и очајот во кој се наоѓа градоначалникот на Скопје Шилегов кој ја загуби поддршката од Скопјани. Навистина ни е жал што наместо борба за проекти и подобар стандард на Скопјани, гледаме гладијаторска битка на лажни вести и изместени морални вредности. Скопје ќе биде модерно, ќе чекори напред и заедно ќе создаваме нови вредности, поинакви од се друго до сега. Затоа што ние сите заслужуваме подобро од тоа што го имаме сега стои во реакцијата на Арсовска.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Поскапува храната, наместо мерки за граѓаните владата на Мицкоски со нов дефокус

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

СДСМ: Цените растат, а Владата на Мицкоски не прзема ништо – профитира бизнисот на ВМРО

СДСМ: Власта да ги прифати законските решенија за намалување на цените

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Шилегов му одговори на Филипче: Во СДСМ нема кој да го прочита статутот

Катерина Ѓуровски