Арсовска „се користи како инструмент од ДУИ за дестабилизација пред локалните избори“, тврди Мицкоски

Од:

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека Обвинителството треба да се остави да постапува по доказите поднесени вчера од скопската градоначалничка Данела Арсовска во врска со незаконски легализирани дивоградби во општина Чаир, а неа ја охрабри да пријави во МВР дека добива закани по живот.

-Доколку доказите се доставени до Јавното обвинителство, предлагам да го оставиме Јавното обвинителство да сработи и, се разбира, доколку има такви докази да се постапува по истото. Тука нема дилема, ние не можеме да санкционираме или не санкционираме други, законот мора да важи за сите. Но, да го оставиме ЈО да сработи и да видиме што е тоа што е доставено. Исто така, јас навистина жалам ако градоначалничката добива закани по живот, и ја охрабрувам веднаш да појде во Министерството за внатрешни работи и да ги пријави, а МВР да испита кој е заканувачот и веднаш да постапува по истото, изјави Мицкоски одговарајќи на новинарски прашања при посетата на Институтот за јавно здравје.

Премиерот одговори „има вистина во тоа“ прашан за коментар за изјавите на градоначалникот на Чаир, Висар Ганиу, и вицепремиерот Изет Меџити – дека градоначалничката Арсовска „се користи како инструмент од ДУИ за дестабилизација пред локалните избори“.

-Па има вистина тука, и тоа, впрочем, им е јасно на сите. Но, јас не би имал повеќе да додадам од тоа што го кажаа г. Меџити и г. Ганиу. Има вистина и многу скоро јавноста ќе дознае и некои други детали, рече Мицкоски.

Би можело да ве интересира

Мицкоски: Жена парк и улица Македонија кои за сите скопјани будат многу спомени, сега се во состојба во којашто не треба да бидат

Мицкоски: ДУИ ако не е на власт зборува за етничка поларизација, тезата им е погрешна

Османи: Владата предводена од Мицкоски сака да ги врати Албанците на нивните периферни позиции од пред Рамковниот договор

Горан Наумовски

Мицкоски: Веднаш по изборите ќе има реконструкција на Владата

На овие избори во најголемиот дел работите ќе се решат уште во првиот круг, вели Мицкоски

Горан Наумовски

Програмата која ја ветивме во најголем дел е остварена, ги вративте општините на вистинскиот пат, вели Мицкоски

Горан Наумовски