Арсовска: СДСМ една шајка не закова во Куманово

Од:

ВМРО-ДПМНЕ од Куманово го обвини Социјалдемократскиот сојуз дека во Куманово зад себе оставил затворени фабрики и раскрчмениот имот.

„Ова зад мене е фабриката Искра Куманoво. Е оваа фабрика некогаш вработуваше 500 луѓе. Со пропаѓањето на оваа фабрика без егзистенција останаа 500 семејства, тоа се 500 изгубени надежи и упропастени судбини.

Оваа фабрика е типичен пример како се раскрчмуваше општествениот капитал. Во деведесетите беше обезвреднуван нејзиниот милионски имот и систематски уништуван. Оваа фабрика отиде под стечај, никогаш не проработе повторно.

Нејзиниот имот заврши во приватните џебови на луѓето блиски до СДСМ, а луѓето од оваа фабрика без работа.

Е така работеше Бранко Црвенковски и СДСМ. Затоа сега бегаат и не сакаат да одговорат каде одеа парите во нивно време кога не се градеше ништо. Тие пари тогаш се крадеа. Затоа денес наместо да ги посетат овие семејства тие прават монтирани посети со своите партиски членови. Куманово памети, кумановчани најдобро знаат што направи СДСМ и какви дела остави. СДСМ една шајка не закова во Куманово“, рече Емилија Арсовска од ОК на ВМРО-ДПМНЕ во Куманово.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Мицкоски, граѓаните имаат мозок – Македонија сака во ЕУ

А1он

СДСМ: Тендер коалицијата ВМРО-ОКГ/ЗНАМ против работниците

ВМРО-ДПМНЕ: Зошто Тренчевска и СДС го штитат Артан Груби?

ВМРО-ДПМНЕ: Се плаши ли Филипче од исказот на Груби и дали со него ќе ги повлече и неговите ортаци по криминал како Заев и Спасовски?

СДСМ: Домашниот притвор за Груби е доказ дека правдата е погребана

(ВИДЕО) Цветков: Минималната плата не е само бројка, илјадници семејства тонат во сиромаштија