Арсовска на ФБ: Запознајте го Бујар Аземи – сопственикот на небезбедната зграда во Чаир

Од:

Градоначалничката на Град Скопје – Данела Арсовска на Фејсбук го објави со име и презиме сопственикот, на како што вели, небезбедната зграда изградена во Чаир, за која што таа објави вчера.

„Запознајте го Бујар Аземи, сопственикот на небезбедната зграда изградена без документација, без одобрение за градење, без проект, без платени комуналии, на 12 спрата и до сега пребројани 61 стан незаконски градени сега со обид да се легализираат прикажани лажно дека се градени во 2011 со документација фалсификувана од Висар Ганиу и Ејуп Адеми“ – напиша Арсовска.

Додава дека вчера Бујар Аземи фатен како дивоградбата се обидува нелегално да ја приклучи на водоводна мрежа, а која веќе нелегално ја приклучил на струја, упатил бројни сериозни закани, за што е поднесена пријава до МВР!

Денес до Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Арсовска вели дека ќе достават уште еден предмет со илјадници страни фалсификати и злоупотреби од Општина Чаир, каде се инволвирани повеќе функционери и вработени во општина Чаир.

Би можело да ве интересира

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Арсовска сепак именуваше нов директор на Комунална хигиена

Катерина Ѓуровски

Резервите со нафта се при крај, Управниот одбор на Комунална бара од Арсовска да назначи директор

Катерина Ѓуровски

Арсовска: Господине Мицковски прво да се потсетите што сѐ сте направиле како ВМРО/ВЛЕН и власт во Советот на град Скопје терајќи инает со граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот