Арсовска: Господине Мицковски прво да се потсетите што сѐ сте направиле како ВМРО/ВЛЕН и власт во Советот на град Скопје терајќи инает со граѓаните

Од:

Градоначалничката Данела Арсовска со одговор на последното соопштение од страна на штабот на ВМРО каде ВМРО-ДПМНЕ прашува: Арсовска да каже која одлука за „Комунална хигиена“ не била изгласана од нашите советници?, извести Град Скопје.

“Господине Мицковски, да те замолам пред твојот штаб да пушта соопштенија со прашања со кои само ќе ја докажете својата вина за хаосот, прво да се потсетите што сѐ сте направиле како ВМРО/ВЛЕН и власт во Советот на град Скопје терајќи инает со граѓаните.

Еве 5 минути требаше да најдам над 10 седници на Совет каде ВАШИТЕ советници не ги гласаа програмите на Комунална хигиена Скопје.”

Во Градот Скопје стотина одлуки на повеќе од десет седници на Советот, советниците од ВМРО/ВЛЕН не ги гласаа програмите за работа на ЈП „Комунална хигиена – Скопје” и останатите јавни претпријатија со што директно беа блокирани клучни услуги за чистење и одржување на градот.

Граѓаните на Скопје заслужуваат конструктивна соработка, одговорни одлуки и политички субјекти кои ќе го стават интересот на граѓаните пред партиските калкулации, вели Арсовска.

Би можело да ве интересира

Мицкоски ги повика жртвите на семејно насилство да не ги повлекуваат пријавите против сторителите

Мицкоски: Нема закани по безбедноста, фокусот е на потенцијалните економски ефекти

Мицкоски: Минималната плата се зголемува, повисоки примања од април

Горан Наумовски

СДСМ: Мицкоски Ad hominem, De Facto – De Jure Вучиќ

Шест компании останаа без лиценца за одгледување канабис, Мицкоски најави нови акции

Премиерот го обвини Филипче за политичка слабост

Горан Наумовски