Арсовска: Доставивме нови документи до Обвинителство со фалсификатите на Висар Ганиу

Од:

Данела Арсовска – градоначалничката на Град Скопје денеска на Фејсбук објави дека доставила нови документи со, како што вели, фалсификатите на Висар Ганиу, Ејуп Адеми, Бујар Аземи и нивните партнери.

„Ова нема да го видите на МТВ, Сител, Алфа….Криминал од епски размери, а корумпираните институции не постапуваат. Ако е пред избори леле сега ли ти текна, ако е после избори што не кажа порано. А ЕДИНСТВЕНО ВАЖНО ВО МАКЕДОНИЈА Е ДЕКА НЕМА ПОГОДНО ВРЕМЕ ЗА ОТКРИВАЊЕ КРИМИНАЛ! Граѓаните се охрабруваат! Денес од лица кои се оштетени од криминалите на Висар Ганиу, доставени се над 20 нови докази за фалсификати направени од страна на неговата организирана криминална банда. Висар Ганиу не може да уништи толку документи, колку што до нас пристигаат секојдневно и нови докази“ стои меѓу другото во објавата на Арсовска.

Таа вели „денес доставивме нова документација со фалсификатите на Висар Ганиу, Ејуп Адеми, Бујар Аземи и нивните партнери соучесници, во Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција. Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција дали се слушаме? Бујар Аземи поднел барање до општина во 2011 година за легализација на десетици станови кога имал 16 години, за зграда која ја градел во 2024“.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Арсовска објави видео од британска телевизија : Македонија не смее да стане центар каде се населуваат, живеат и работат мигранти од опасни подрачја како Авганистан

Горан Наумовски

Арсовска: Го чекаме режимскиот диктатор Мицкоски да покрене постапка за УСЈЕ

А1он

Арсовска го повика Ѓорѓиевски јавно да ги објави долговите и тие што не оделе на работа, ВМРО-ДПМНЕ и одговори дека „правдата е блиску“

Катерина Ѓуровски

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Арсовска сепак именуваше нов директор на Комунална хигиена

Катерина Ѓуровски

Резервите со нафта се при крај, Управниот одбор на Комунална бара од Арсовска да назначи директор

Катерина Ѓуровски