Новиот објект за хирургија во Охрид ќе функционира како болница за заразени од коронвавирус, а во Куманово ќе се прави стручна проценка дали да се воведе карантин како во Дебар, рече заменик-министерот за здравство Арменд Арслани во вечерашното гостување на „Топ тема“.
Тој информира дека девет лица од Струга имаат КОВИД-19, а две од нив се утврдени денеска. Вкупно 43 се под здравствен надзор. Двајца се заболени во селото Татеши, еден во Велешта и уште шест во Лабуништа.
Во Лабуништа функицонира и локалниот кризен штаб, будно се следи состојбата, се аналзиираат сите информации и се консултираат епидемиолошките служби по чија препорака се постапува.
Во Охрид се регистрирани три слуачи, а 62 лица се под надзор. За неправилности и непочитување на мерките постапуваат надлежните органи.
Според Арслани, во Дебар нема новозаболени, а бројката е 47 лица. Вкупно 30 се во домашна изолација, а девет со завршен период на изолација. На Инфективната клиника се хоспитализирани пет пациенти од Дебар, од десет лица се земени брисови и се чекаат резултати.
-Инциденцата во Дебар е 162,3, во Куманово 32,9, додека во Скопје и во Штип има 28,5 заболени на 100.000 жители, исткна заменик-министерот.