ВИДЕО: Арнаудов не кажува дали ќе крене рака и против Груевски

Од:

Пратеникот Љубен Арнаудов обвинет за настаните од 27 април на паузата од денешното рочиште за крвавиот четврток не сакаше да каже како ќе гласа за одземањето на пратеничкиот имунитет на експремиерот Никола Груевски, но рече и дека не е запознаен со целиот случај.

– Денеска сме тука на судење не знаеме што се случува во Собрание. Претседателот на комисијата за имунитетни прашања Павле Богоевски е исто така вмешан во случајот па ќе видиме што ќе се случи, рече Арнаудов.

Пратеникот Сашо Василевски исто така не сакаше ништо да коментира околу пратеничкиот имунитет на Груевски.

Судијката Добрила Кацарска даде 1 час пауза по што рочиштето ќе продолжи со прегледување на снимката од безбедносната камера број 14.

Виктор Јованов

Би можело да ве интересира

Собранието ја отфрли интерпелацијата за министерката Божиновска

Кризната состојба за нафтата продолжува до април

Катерина Ѓуровски

Апасиев во Собрание се сретна со родителите на загинатите деца од Кочани

А1он

Собранието го повлече предлогот за избор на нов член на Судскиот совет

Албуљена Хаџиу е избрана за претседател на Собранието на Косово

Горан Наумовски

Собранието ја донесе Стратегијата за безбедност на сообраќајот и над 40 закони по скратена постапка

A1on