Армиските специјалци донираа 53 единици крв за итни потреби

Од:

Поради итни потреби на Институтот за трансфузиона медицина за обезбедување на неопходни резерви на крвни компоненти, специјалците на АРМ денеска даруваа 53 единици крв. Од почетокот на годинава Армијата дарувала 700 крвни единици.

Како што информираа за МИА од АРМ, за потребите на денешната вонредна акција, припадници на полкот за специјални операции, во голем одзив се приклучиле за доброволно дарување на крв во касарната „Илинден“.

Армијата на Република Македонија во соработка со Црвениот Крст и Институтот за трансфузиона медицина традиционално организира и спроведува крводарителни акции во сите команди и единици како редовни акции, но и по итна укажана потреба. Секоја година просечно се организираат помеѓу 20 и 30 вакви акции на кои учествуваат повеќе од 1200 припадници на АРМ кои се постојани крводарители.

Би можело да ве интересира

Сиљановска-Давкова: Современата одбрана мора да ги предвидува заканите, а не само да реагира на нив

Левица: 34 години македонска армија – со преку 4% од БДП за одбрана до најслаба војска во регионот

34 години македонска армија

Почесна артилериска стрелба во пресрет на одбележувањето 34 години од македонската Армија

А1он

Нова опрема за Армијата обезбедена преку Европскиот мировен фонд

Претседателката присуствуваше на презентација на способностите на Армијата во Штип

А1он