Армискиот Дедо Мраз пристигна со хеликоптер на аеродромот во Скопје

Од:

Армискиот Дедо Мраз пристигна на Меѓународниот аеродром – Скопје во касарната „Страшо Пинџур“ со воен транспортен хеликоптер од составот на воздухопловниот ВИНГ.

Густата магла што ја имаше претпладнево на воениот дел од аеродромот не го спречи да слета и да израдува околу 400 деца кои со нетрпение го очекуваа овој настан.

-По краткиот прелет со транспортен воен хеликоптер од составот на ВИНГ, армискиот Дедо Мраз додели новогодишни пакетчиња. Потоа децата, придружувани од најблиските, имаа можност да се згреат со топол војнички чај, да се фотографираат со најомилената новогодишна личност и да разгледаат дел од хеликоптерите, соопшти Министерството за одбрана.

Традиционалната манифестација која повеќе години се реализира во организација на оваа воздухопловна единица на Армијата и оваа година предизвика огромен интерес кај децата на припадници на Армијата и Министерството за одбрана, но и на сите останати кои присуствуваа на настанот.

Би можело да ве интересира

Трка на Дедомразовци во Скопје – учествуваа над 800 натпреварувачи

А1он

Мастербет донираше близу 400 новогодишни пакетчиња за хуманитарните активности на Црвениот крст

Американската и канадската војска ќе го следат летот на Дедо Мраз

Триесет отсто од Русите веруваат во Дедо Мраз

(ВИДЕО) Тепачка на Дедо Мразовци во продавница

А1он

Арсовска игра шах со Дедо Мраз додека ги чека резултатите од истрагата на Финансиска за украсувањето

A1on