Армиски хеликоптери го ставаат под контрола пожарот кај кочанското село Костин Дол

Од:

Пожарот во атарот на кочанските планински села Костин Дол и Ново Село сè уште не изгаснат, но веќе се става под контрола со поддршка од армиските хеликоптери.

Огнената стихија зафати површина од неколку десетици хектари со дабова и букова шума и нискостеблеста вегетација, а во гаснењето се ангажирани над стотина лица.

-Во локализирањето на огнот се вклучени 80 армиски припадници и дваесетина пожарникари, како и вработени во Дирекцијата за заштита и спасување и во јавното претпријатие „Национални шуми“, а помага и месно население. Ангажирани се и армиски хеликоптери кои значително помогнаа огнот да се стави под контрола од три страни, а останува да се локализираат пламените јазици од северната страна. Ако временските услови бидат поволни, без силен ветер, очекувам до крајот на денот пожарот целосно да го исконтролираме и да биде, истакна Благој Паунов, командир на Територијалната противпожарна единица – Кочани.

Екипи од ТППЕ и понатаму се дежурни на опожарениот терен околу Кочани и кон селата Бели и Нивичани и ги контролираат местата каде што сè уште има чадење, за да се избегне евентуално ново разгорување поради ветерот.

Би можело да ве интересира

Струмичките пожарникари вчера изгаснаа два големи пожари, едниот намерно подметнат

Изгореа над 20 дуќани во трговски центар во Шуто Оризари

Горан Наумовски

Изгоре трговски дуќан во Шуто Оризари, не се знае како пламна пожарот

Горан Наумовски

Од вкупно 31 пожар, три се активни, четири се под контрола

Пожарот се приближува до куќите кај Трново – минско поле го спречува гаснењето

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Пожарникарите се борат да спречат пожарот да навлезе во боровите шуми на Јасен

A1on