Армијата и полицијата ги обезбедуваат пазарите и црквите поради гужвите, редици и пред месарниците и маркетите

Од:

Последните часови пред четиридневниот полициски час, направи гужви пред маркетите, зелените пазари, банкоматите, улиците, црквите. Речиси насекаде граѓаните со полни ќеси ги напуштаат продажните места.

Во скопски Ѓорче Петров, на зелениот пазар ред воспоставува Армијата, војници шетаат и ги раздвојуваат пазарџиите кои се собираат по повеќе лица на една тезга. Во дворот на црквата Св. Петар и Павле, пак, полицијата обезбедува верниците да не се собираат на едно место и да држат дистанца. Гужви има и пред месарниците.

Улиците се полни со автомобили, а во недостаток на паркиг, лентите од се сега паркиралишта.

Армијата и полицијата ги обезбедуваат пазарите и црквите порари гужвите, а редици има и пред месарниците и маркетите.

Денеска попладне во 16 часот почнува 85 часовниот полициски час за сите граѓани на територија на целата држава.

Забраната и посебниот режим на движење на територијата на Република Северна Македонија за време на претстојниот христијански празник Велигден, ќе трае до 21 април 2020 година (вторник) до 05:00 часот.

Би можело да ве интересира

По насилните протести во Франција: Во градот Кламар се воведува полициски час

Хелсиншкиот комитет и Македонско здружение на млади правници: Да се амнестираат луѓето што го прекршиле полицискиот час

Воведен полициски час во регионот на Одеса

А1он

Полициски час и забрана за музика во угостителските објекти во Солун, Халикидики и во уште девет грчки региони

А1он

Парична казна за гостиварец заради непочитување на полицискиот час​

Ана Ололовска

Казна од 2000 евра за охриѓанец обвинет за непочитување на полицискиот час во Скопје

Ана Ололовска